За да можете максимално да уживате во природните убавини на планината неопходно е пред се да бидете безбедни и да се чувствувате удобно за време на престојот во неа. Затоа, препорачливо е да се придржувате кон следните совети кои се однесуваат на тоа како да се облечете и што да понесете со себе од облека, храна и дополнителна опрема.
• Обувки: Препорачливи се високи, лесни обувки кои не пропуштаат вода. Одењето по планина е често по нерамен терен, а високите обувки го штитат зглобот на стапалото од странично превиткување. Често се оди по пат по кој има поточиња, низ влажна трева и сл. па добро е нозете при тоа да останат суви. Добро е обувките да се предвидени за движење по планина во летни услови и да се половина до еден број поголеми од вашите вообичаени обувки.
• Чорапи: Носете повеќе чорапи. Не зафаќаат многу место, лесни се, а се наоѓаат за менување во случај оние кои ги носите да се навлажнат или испотат. Препорака: најмалку 6 пара чорапи за 2 дена, од кои 3 пара волнени или специјални чорапи за планинарење.
• СОВЕТ: Најдобар начин да се избегнат плускавци на стапалата е да се носат 2 пара чорапи на нозете и кондурите да се доволно цврсто врзани до горе (но не и престегнати, бидејќи со престегање се намалува циркулацијата во стапалата). Со цврсто врзување, посебно на горниот дел се спречува прстите на надолнина да притискаат силно напред и да дојде до нагмечување на прстите и ноктите.
• Облека: Препорачлива е облека со долги ногавици и ракави која лесно се суши. Носете доволно резервни маици за преоблекување. Препорачливо е да имате топла облека (џемпер, капа, ракавици), посебно за навечер.
• Заштита од сонце: Покривањето на нозете и рацете на планина е важно заради зголемениот интензитет на UV зрачење. Препорака е да се користат очила за сонце со висок степен на UV заштита и средства за сончање за откриените делови од телото, со повисок фактор. Добро е главата да се покрие со капа или марама.
• Заштита од дожд: Доколку временската прогноза предвидува можност за дожд, добро е да носите шушкава јакна за дожд и/или дождовна кабаница.
• Вода: Препорачливо е да носите најмалку еден литар вода или не многу засладен чај за пиење. Добро (но не и неопходно) е во водата да се додадат изотонични средства кои ќе ја збогатат со минерали. Газираните пијалоци само привидно ја гаснат жедта.
• Храна: Пред одењето е препорачлива лесна храна, богата со јаглени хидрати. За време на пешачењето се препорачува високоенергетска храна: бонжита, чоколади, суво овошје, јаткасти овошја и сл. Вкупната храна потребна за време време на престојот во планина полесно ќе ја пресметате доколку ја пресметувате во број на потребни оброци. Носете секогаш одредена резерва лесна храна, за случај престојот во планина да се продолжи од било која причина.
• Планинарска книшка (доколку имате) и средства за лична идентификација
• Батериска ламба, најдобро-челна
• Џебно ноже
• Влажни марамчиња за хигиена
• Лабело
• Стапови за одење - штеки
• Кеса за собирање на сопственото ѓубре!
• Прирачна аптека: аспирин, парацетамол, ханзапласт, завој, еластичен завои, фластер, средство против дијареа и сл. (обично тоа се истите лекови кои вообичаено се носат кога се оди на одмор).
• РАНЕЦ: Добро е ранецот удобно да ви лежи на грбот и да има сопствена покривка за дожд. Доколку постојат шанси за дожд, препорачливо е работите кои ќе ги пакувате во ранецот претходно добро да ги замотате во најлон кесички. Добра препорака е тешките работи да ги ставите најдолу во ранецот. Ранецот не смее да биде претежок! Препорака е ранецот да не е потежок од 20% од тежината за возрасен човек кој треба ранецот да го носи со часови и не повеќе од 10% за деца до 14 години.
• При движењето на колоната, ќе има видно означени водачи на чело на колоната, на крајот од колоната и низ самата колона.
• Почитувајте ги препораките на водачите и консултирајте се со нив доколку имате проблеми за време на движењето низ планината!
• Не употребувајте премногу алкохол за време на престојот во планина бидејќи алкохолот во голема мерка ја намалува психофизичката кондиција и вашата безбедност во планината!
• Неопходно е да ја сочуваме планината незагадена, за да биде убава и чиста и кога следниот пат ќе дојдеме. Затоа, сопственото ѓубре за време на движењето собирајте го во кеса!
• За да не го загрозите сопствениот и животите на останатите учесници, посебно обрнете внимание при употребата на оган во планина!!!
Преземено од „Клуб за Планинарски Спортови - МАКЕДОН“
ОБЛЕКА И ОБУВКИ

ХРАНА И ПИЈАЛОЦИ

ДОПОЛНИТЕЛНА ОПРЕМА И ЛЕКОВИ

ПРЕПОРАКИ ЗА ВРЕМЕ НА ДВИЖЕЊЕТО НИЗ ПЛАНИНА
• При движењето на колоната, ќе има видно означени водачи на чело на колоната, на крајот од колоната и низ самата колона.
• Почитувајте ги препораките на водачите и консултирајте се со нив доколку имате проблеми за време на движењето низ планината!
• Не употребувајте премногу алкохол за време на престојот во планина бидејќи алкохолот во голема мерка ја намалува психофизичката кондиција и вашата безбедност во планината!
• Неопходно е да ја сочуваме планината незагадена, за да биде убава и чиста и кога следниот пат ќе дојдеме. Затоа, сопственото ѓубре за време на движењето собирајте го во кеса!
• За да не го загрозите сопствениот и животите на останатите учесници, посебно обрнете внимание при употребата на оган во планина!!!
Преземено од „Клуб за Планинарски Спортови - МАКЕДОН“
2 коментари:
браво Моник многу добар пост,интересни , корисни и потребни информации, поздравче
Овие совети навистина на секој му се потребни, па дури и на оние што немаат намера активно да се занимаваат со планинарење :)
Објави коментар