недела, март 29, 2009

Крводарување

Оваа ќесичка, ќе биде полна со дел од мојата крв!


Крводарување во Охрид - 17 март 2007


Иглата е огромна, но кога знаеш дека помагаш, болката се претвора во убаво чувство!



Крвни клетки


Крвта (латински: Sanguis) е течно сврзно ткиво кое се среќава кај сите ‘рбетници и некои без‘рбетни животни. Таа циркулира низ крвните садови и нејзина најзначајна улога е транспортната - хранливи материи, екскрети, кислород и јаглерод диоксид - од и до клетките. Зошто да не споделиме дел од овие хранливи материи, кои сите ги поседуваме и самите ги произведуваме? Меѓутоа, за разлика од останатите сврзни ткива, во крвта нема нишковидни творби, односно фибрили - колаген или еластични влакна.

Крвта се состои од формативни елементи (крвни клетки) и крвна плазма. Од целокупниот волумен на крвта, 45% отпаѓа на крвните клетки, додека 55% на крвната плазма. Волуменскиот однос на крвните клетки со крвната плазма е наречен хематокрит. По прекумерно потење, количеството на плазма може да се намали до 50%, додека со консумирањето на течности да се зголеми до 60%.

Трансфузија = ништо страшно!

Секој човек претставува подвижна фабрика за спасување животи! Дарувањето крв, нема да те чини многу време, а со тој гест можеш да спасиш нечиј живот! Крвта постојано се обновува и секој полнолетен човек може да дарува крв (обично мажите на 4, а жените на 3 месеци). Јас потекнувам од хумано семејство.

Брат ми, кој има 26 години, има дарувано крв веќе 27 пати!

Мајка ми, која има 52 години, има дарувано крв веќе 13 пати!

Татко ми, кој има 54 години, има дарувано крв веќе 9 пати!

Јас имам 20 години, а крв имам дарувано веќе 6 пати и со нетрпение го очекувам 7миот пат!

Моите најблиски за мене претставуваат најголем мотив, да ја продолжам и зајакнам нивната хуманост. Прв пат дарував крв, веднаш по 18тиот роденден, во една крводарителска акција во моето средно училиште „Јосип Броз Тито“. Последен пат (6ти пат), крв дарував во Воената Болница пред точно 2 недели. Со нетрпение го очекувам наредниот пат, кој ќе ми биде овозможен дури во јуни.

Сепак, сметам дека нашава држава Република Македонија, треба да обезбеди поголеми бенефиции за нас, крводарителите. Во Република Полска, на пример, крводарителите имаат бесплатен градски превоз! А кај нас? хм...

Кога дарувам крв, навистина ја дарувам од срце и од душа и не сакам ништо за возврат, бидејќи да сакав, ќе ја продавав за пари. Но, тоа што ме боли е фактот дека Македонија воопшто не ги цени хуманите луѓе, како мене... како моето семејство... Насвистина е жално... Дури и оброкот, кој следува по дарувањето крв, едноставно кажано, е беден.

Да се надеваме дека нешто ќе се промени во тој поглед. Кој знае колку животи сум спасила јас со мојата крв, а за мојот живот, кој се грижи? Да се надеваме и дека лекувањето после 10тото дарување крв, навистина ќе биде бесплатно.

Јас никогаш нема да престанам со дарувањето крв и со сите хумани активности кои ќе ми се пружат на располагање, а кои ќе бидам во состојба да ги исполнам!


Линкови:

* Wikipedia

* Црвен Крст на РМ

вторник, март 24, 2009

Бакнежот е здрав!

Бакнеж е допирање на одреден предмет или личност со помош на усните. Бакнувањето е научено однесување, поврзано со додворувањето забележано меѓу луѓето. Бакнежот како појава е забележан и кај многу нечовечки примати.


Бакнежот обично се смета за основен интимен акт, при кој партнерите се допираат со усните. Се смета дека бакнежот има најголем потенцијал при будењето на нагоните, бидејќи усните се чувствителна ерогена зона (200 пати повеќе нервни завршетоци, отколку на врвовите на прстите). Постојат и случаи во кои бакнежот не се остварува со помош на усните, како т.н. „ескимски бакнеж“ што се остварува со триење на носевите.

Кога партнерите се бакнуваат страсно, најчесто се допираат и со јазиците при што се разменува плунка. Тоа е така наречениот ФРАНЦУСКИ БАКНЕЖ (грубо народски кажано - лапање :D).

Голем период од животот, луѓето поминуваат во бакнување. Тоа не е лошо, ако се знае дека бакнувањето согорува калории и го продолжува животот. Токму францускиот бакнеж согорува 26 ckal и произведува ендорфин - хормон, кој е 200 пати посилен од морфиумот!

Кога се бакнуваме, во функција се 29 мускули од лицето. Тоа, всушност е ефикасна вежба, која го затегнува лицето и го спречува појавувањето на „обесени“ образи.
Со бакнување разменуваме плунка, која содржи протеини и антигени. Таа може да го поттикне развојот на антителата и да го зајакне имунитетот.
Страсното бакнување од 90 минути =D го зголемува крвиот притисок и го забрзува пулсот исто како да сте трчале кратко. По бакнувањето доаѓа до намалување на крвниот притисок, по што следува опуштање.

Сепак, имам слушнато дека преку француски бакнеж, доколку двајцата партнери имаат голема рана во устата и настане размена на крв, има можност да се заразат со Хив, доколку едниот е Хив позитивен.

Денеска, општо прифатена норма е дека бакнежот означува љубов или привлечност. Исто така, ретко може да се најде личност која не сака бакнежи. Романтични, нежни или страсни - сите во нив уживаат.

A kiss is a lovely trick designed by nature to stop speech when words become superfluous.



Извори:
24 часа здравје (16 март 2009)
Wikipedia