Ќе ви презентирам проверена диета за слабеење, која ми ја препорача една моја многу драга пријателка. Како што знаеме, диета не значи гладување, туку одреден начин на исхрана. Исто е и со оваа диета.
Најважната работа која многу ми се допадна откако ја ѕирнав, е тоа што во неа нема одредени количини и однапред утврдени оброци, како што е случај со многу други диети, кои е навистина тешко да се држат бидејќи ако изедеш уште едно залче повеќе од дозволеното, се чувствуваш виновно и губиш надеж дека ќе успееш...
Со оваа диета е сосема поинаку, бидејќи е само збир на правила, односно дозволени комбинации на храна која е пожелно да (не) ја конзумираме во одредени периоди од денот. Нема ни потреба постојано со нас да носиме ливче, бидејќи доволно е само еднаш да ја прочитаме и веднаш ќе знаеме што со што се комбинира, а што со што не. Се што треба да знаеме е што се тоа протеини, а што јаглехидрати?
Доволни се 3-4 месеци за да се симнат 15тина килограми. Можеби овој период звучи демотивирачки, но од друга страна истиот е потврда за трајниот успех. За разлика од кратките и брзи диети (гладувања) кои секогаш имаат јо-јо ефект, оваа диета со самото тоа што прераснува во навика, организмот се навикнува на овој начин на исхрана, па и ако продолжиме со неа или ако престанеме откако сме го постигнале посакуваниот ефект, нема да се вратиме во првобитната положба.
Исто така, оваа диета не е од оние кои едвај чекаме да ги издржиме за потоа да си јадеме како порано, бидејќи со Хејевата диета учиме како треба правилно да јадеме без да си наштетиме!
Оваа диета позната како Хејева диета, се базира врз правилно комбинирање
на храната. Главно правило е дека во ист оброк не смеат да се мешаат јаглехидрати
и протеини (белковини).
ПОЈАДОК – секогаш само овошје (освен банана), какво сакаш и колку сакаш, најдоцна до 13 часот.
РУЧЕК и ВЕЧЕРА
Секогаш храната богата со протеини се комбинира со зеленчук и храната која содржи јаглехидрати исто така со зеленчук. На пример, месо се јаде со салата, со варен или печен зеленчук (но не со компир). Компирот, на кој и да било начин да е подготвен (варен, пржен, печен) исто така се јаде во комбинација со зеленчук.
Храна богата со протеини: месо, риба, морски плодови, јајца, печурки, сирење, млеко и сите други млечни производи.
Храна богата со јаглехидрати: житарки (пченка, пченица), ориз, леќа, грав, компир, банана
и сите производи од брашно.
Значи, не смее во ист оброк да се внесуваат продукти од двете групи. Ако за ручек
се јадат протеини, во комбинација со зеленчук, може за вечера да се јадат јаглехидрати, но меѓу едниот и другиот оброк мора да поминат најмалку 4 часа. Исто така во еден оброк дозволено е да се јаде само по еден продукт од групата во комбинација
со зеленчук, на пример – месо со салата или сирење со салата.
Пример за ручек:
- Месо или риба (печено, варено, пржено) со салата (домат, краставица, кромид, зелка, цвекло, марула..) подготвена со масло и сите зачини. Може наместо свеж зеленчук, варен или печен;
- Компир (печен, варен, пржен) со салата;
- Тава ориз со зеленчук;
- Полнети пиперки со ориз;
- Шопска салата;
- Јајца пржени или варени со зеленчук или свежа салата;
- Тестенини само со кечап и зачини;
- Турли-тава;
- Зелка со месо.......и разни други комбинации кои сам ке си ги смислиш, внимавајќи да не комбинираш погрешни производи;
За ВЕЧЕРА предлагам првиот месец да јадеш најмногу салата и тоа пред сè, салата
од зелка, во големи количества, затоа што заситува, а нема калории. Можеш и јогурт, сирење, млеко, но НИКАКО ОВОШЈЕ.
Преку цел ден треба да се пие вода, чај и кафе без шеќер (ако ептен не оди може засладувач, ама во минимално количество).
Леб може да се јаде само со салата, но не е проблем ако на две недели еднаш „се пушти срце“, па се касне и нешто забрането на пример: бурек, парче пица и слично.
ЗАБРАНЕТО – благи работи и алкохол (и за алкохолот важи дека на десетина
дена или на две недели може да се пивне нешто). За благото нема отстапки. Забранети
се и „грицки“ од секаков вид.
Со внесување и придржување кон здрави навики во исхраната, докажувате дека сте психички цврска и издржлива личност.
среда, октомври 13, 2010
петок, октомври 08, 2010
Причина за да се размрдате
Кога времето надвор е тмурно, тажно, темно, депресивно... Не одете веднаш кон плакарот во кој чувате слатки нешта! Иако ве мрзи да станете од каучот, најдобар мотив за малку да се размрдате е да си пуштите некоја весела музика со добар ритам, на пример од последниот цртан филм кој сте го гледале.
Мој предлог е „Will I Am“ од „Блек Ајд Пис“ со саундтракот од анимираниот филм „Мадагаскар“. Кралот Џулијан нема да дозволи да седите : )
Мој предлог е „Will I Am“ од „Блек Ајд Пис“ со саундтракот од анимираниот филм „Мадагаскар“. Кралот Џулијан нема да дозволи да седите : )
Претплати се на:
Објави (Atom)