понеделник, март 31, 2008

26 чекори за посакуваниот ефект!

Истражувањата покажале дека успешното слабеење многу повеќе зависи од тоа дали се придржувате на диетата, отколку од тоа, каков тип на диета држите.
Кога сакате малку да симнете од својата телесна маса, воопшто и не е потребна некоја диета-шаблон, која ќе биде ригорозна и застрашувачка! Токму таквите диети, се најчесто прекршувани. Зошто едноставно, не ги избегнувате оние производи кои се штетни, кога сакате да ослабите, а не ги консумирате оние кои се полезни, за таа цел?
За да ви ја олесниме работата, го објавуваме законот за слабеење составен од 26 точки:

1.) Повеќе помали оброци.

2.) Одредете ја цврсто својата цел.

3.) Јаболкото го забрзува слабеењето.

4.) Наместо автомобил, одберете велосипед.

5.) Внимавајте на чувството на ситост.


6.) Во продавница одете со малку пари.


7.) Не земајте репете и гледајте секогаш да оставите нешто на чинијата.

8.) Јадете бавно и добро џвакајте ја храната.

9.) Меѓуоброк - кисела зелка.


10.) Пијте многу вода.


11.) Овошје против нервоза, наместо слатки.


12.) Сауна и масажа.

13.) Супата го намалува гладот.

14.) Џвакајте гума за џвакање.


15.) Загрејте се со чај.


16.) Суво овошје наместо кикиритки.


17.) Јајцата го намалуваат апетитот.


18.) Кисело млеко пред јадење.


19.) Не јадете пред телевизор.


20.) Не бидете престроги кон себе во диетата.


21.) По јадење - прошетка, а не фотелја.


22.) Јадете само до 18:00 часот.


23.) Имајте постојано место за јадење.

24.) Избегнувајте леб.

25.) Бележете ги калориите.

26.) Ако имате проблеми со контролата на апетитот, пред оброкот испијте 2 чаши вода.



Извор: списанието "24 часа здравје".

недела, март 30, 2008

Моќта на крушката

Што би направиле, кога би се нашле среде пустина, на многу топло време... и... пред вас одненадеж се појави лав што сака да ве изеде!...
треба да стигнете во Рим, а во раката имате само една крушка!?

Дали знаете како треба да постапите?


Одговор:
Ќе ја фрлите крушката. Како што сите знаеме, "Крушка под круша паѓа!" Брзо ќе се качите на крушата и од што ќе бидете толку среќни дека сте му избегале на лавот, "Ќе ви падне камен од срцето!" Каменот ќе го убие лавот, а вие потоа безбедно ќе се симнете од крушата и без проблем ќе стигнете во Рим, бидејќи "Сите патишта водат во Рим!
"

Можеби вие знаете некој друг начин?
Со оваа шега сакаме да ве насмееме малку. Да ве оттргнеме од тешкото секојдневие. Смејте се почесто, бидејќи нели, сите знаеме дека смеењето го зголемува хормонот на среќа и оние кои се многу смеат, живеат подолго! Едноставно кажано:

СМЕЕЊЕТО Е ЗДРАВЈЕ!
LOL :D


За да дознаете интересни податоци за смеењето, ви препорачуваме да кликнете на линков што е смеење?
Консултирано со wikipedia.

петок, март 28, 2008

to my friend Ismail

Секојдневно сме окупирани со правила за здрав живот. Јадете овошје за доручек, не пијте вода по оброк најмалку два часа, јадете зеленчук исклучиво навечер, не ја држете кесичката за чај подолго од 5 минути, излегуваат токсичните материи од чајот, не јадете пред спиење најмалку 2 часа, не ги одмивајте гениталиите со сапун и слични хемиски течности ( а во исто време Oriflame се скрши од продавање и ширење на миризливи шампончиња)... Пред извесен период мајчиното млеко беше штетно, па жениве во тоа време ги хранеа децата со кашички од компанија XXX, затоа сега мајчиното млеко е најздраво. Ухххх...мачно...



Фотографија на Исмаил од Сирија

И за да ја разбистрам поентава на текстов, ќе чепнам од животот (ако може да се опише со зборови неговото богатство) на мојот пријател Исмаил, роден во Курдистан, од градот Батман. Живее номадски живот. Денот му започнува со поздравување на изгрејсонцето. Не користи паста за заби. Со себе си носи дрвце налик на четка за заби. Едниот крај од дрвцето дијаметрално го делка и го прави како четка. Со тоа ги струга забите. И верувам дека ви изгледа смешно, ама ги има најубавите и најздравите заби на светов. Не се оптоварува со шампони, сапуни, детергенти, прашоци, купки... и останати хемии. Најдобар другар му е кучето Бичо, суштеството од шумата и заедно го пропатуваа светот, пеш. Има пријатели насекаде низ светот и вели дека така прави ментална хигиена. Посреќен и поздрав човек од Исмаил, нема.

Погледнете го мирот и спокојството што го живее Исмаил ( првиот од лево)

p. s. кликнете на сликите за подобар поглед

четврток, март 27, 2008

Најчести заблуди за диетите

Доаѓа пролетта, а со тоа и желбата за вита линија без вишок килограми.
Медиумите се преполни со совети за тоа што е здраво, а што не, колку килограми треба да се внесуваат, кои диети се најдобри, како слабеат холивудските убавици и слично.
Сепак, во таа огромна понуда на информации, луѓето често влегуваат во заблуди, со што го постигнуваат сосема спротивниот ефект, отколку оној што го очекуваат, како и делумно или целосно си го нарушуваат здравјето.

Затоа треба да прочитаме малку повеќе, пред да примениме некој совет, којшто ќе го слушнеме и ќе ни изгледа волшебно.
Токму поради тоа, ние сме тука да ви помогнеме малку во врска со тие проблеми и да објасниме некои од широко распространетите дезинформации, поврзани со здравата исхрана и одржувањето на линијата.

1.) Едно од најраспространетите тврдења е дека ако сакате да го загубите вишокот на килограми со голема брзина, се што треба да направите е да не ги мешате јагленохидратите и протеините. На тој начин, навистина ќе ослабете, но само за кратко време. Штом ќе дојдете до соодветната килажа и ќе се вратите на старите прехранбени навики, ќе се вратат и килограмите, бидејќи системот за варење не бил навикнат на таков начин на исхрана и ќе сака да ја надокнади загубата.

2.) Мастите се дефинираат како најголем непријател на витата линија. Но, нутриционистите велат дека не е здраво од исхраната сосема да се исфрлат мастите. Имено, тие се составен дел од клетките и од клеточните органели, и со нивно целосно исфрлање од исхраната, можеме да си го загрозиме здравјето.

3.) Некои популарни диети тврдат дека за појадок е доволен само еден овошен плод. Но не се препорачува да се консумира овошје на празен стомак, наутро, бидејќи неговата киселост ќе ја наруши работата на желудникот. Кога појадуваме, не би требало да се ограничуваме, бидејќи сето она што ќе го изедеме наутро, со сигурност ќе го потрошиме до крајот на денот, додека пак, тоа не е така со другите оброци.

Извор:
дневниот весник "Време".

недела, март 23, 2008

Вашиот грб и како да се грижите за него

Во денешно време, претпоставуваме дека секој има проблеми со грбот...
Секоја физичка активност се одразува негативно на нашиот грб, без разлика дали сме седеле, стоеле, дали сме извршувале некаков напор. Многу луѓе имаат проблеми со држењето и правилната постава на телото, одат згрбавени и не го одмараат својот грб доволно, или воопшто.
Ако имате неподносливи болки во грбот, наша препорака е да отидете на ортопед, кој ќе види во што е проблемот и ќе ви даде соодветна терапија. Тоа најчесто е пливање.
Сепак, еве неколку практични совети кои ќе ви помогнат да го заштитите грбот додека седите дома или сте на работното место.


Кликнете на долу дадениот линк за да ги прочитате советите:
Практични совети за луѓе кои сакаат да имаат прав р’бет.

петок, март 21, 2008

GREEN PEEL - третмански длабок пилинг од билки

Кликнете на сликите за да ви се отворат поголеми и за да можете поубаво да прочитате.

четврток, март 20, 2008

Со грашок против умор

Се смета дека зелениот грашок потекнува од централна Азија и Европа, а составен дел од менито на луѓето е веке илјадници години.

Всушност грашокот се споменува дури и во Библијата, а ставен е во египетската, античката и римската цивилизација.

Грашокот е намирница за која навистина треба да се фатите доколку страдате од хроничен умор.

Причината е богатството на нутритиенти кои ги содржи а произведуваат енергија. Грашокот е добар извор на витамин Б1, пантотенска киселина и витамин Б6, овој зеленчук е добар извор на рибофлавин и ниацин, нутритиенти кои се неопходни за метаболизмот на јаглехидрати, протеини и масти.

Пантотенската киселина игра важна улога во регулација на стресот. Зелениот грашок е посебно добар извор на железо и минерали чиј недостаток често резултира со анемија, умор и намалена функција на имунитетот.


Извор: идивиди

Премногу овошје – болки во стомакот

Претераното консумирање овошје може да предизвика гасови, стомачни грчеви и дијареја кај луѓето со чувствителен стомак, особено оние кои не поднесуваат фруктоза.

Здравата возрасна личност обично не толерира повеќе од 25 грама фруктоза дневно, оние што се алергични на фруктоза не смеат ни толку, бидејќи нивните црева лошо го транспортираат и го апсорбираат шеќерот предупредуваат научниците и алерголозите.

Многу родители веруваат дека е добро што на децата им даваат повеќе овошје, ама германските експерти препорачуваат внимание.

Нa пример, дете кое пие сок од јаболко може само во една чаша да ги добие потребните 25 грама фруктоза, доколку сокот е дополнително засладен (што е чест случај), советуваат нутриционистите.

Препорачаната доза за возрасни е 500 грама овошје дневно, а за децата 250 грама, не повеќе. При тоа овошјето не треба да се зема на празен стомак. Треба да се помеша со јогурт или со младо сирење.

Меѓу овошјето со голема содржина на фруктоза спаѓаат јаболката, крушките, сливите, урмите, смоквите, мангото и ананасот.


Извор: идивиди

Идеално освежување

Многумина потврдуваат дека нема поголемо задоволство од пиење ладно пиво во топол ден, меѓутоа само малкумина ја реализирале идејата да го замрзат пивото и да го лижат како сладолед.

Но затоа пак во еден ресторан во Вашингтон, главниот готвач почнал да произведува пиво на стапче.

Сакајќи за да го излади пивото што побрзо го ставил во замрзнувач, но на крај, наместо да го испие пивото, тој го лижел и останал задоволен!

Одсега клиентите на неговиот ресторан се задоволуваат лижејќи го неговиот замрзнат “десерт”.

Се надеваме дека и кај нас ќе може да му се јавиме на пријателот и да го поканиме на „еден сладолед“.

Извор: идивиди

среда, март 19, 2008

Јогуртот ја подобрува линијата

Неколку чаши јогурт во текот на денот ќе ви помогнат да се ослободите од вишокот килограми, а ќе ви овозможи да го освежите организмот со многу хранливи матери.

Голем број истражувања покажуваат дека исхраната со намалено внесување на калциум доведува до побрзо качување на телесната маса.
Причина за тоа е што на ваков начин се зголемуваат и здебелуваат масните ќелии и ги задржуваат течностите и отровите. Јогуртот е хранлив напиток кој помага во борбата со килограмите. Го забрзува слабеењето и го намалува обемот на стомакот.
Научниците докажале дека доколку дебелите луѓе во исхраната воведат три оброци со јогурт со помалку маснотии, губат 22 проценти од вишокот тежина. Зголеменото количество на калциум кое го внесуваат овие луѓе им помага во намалувањето на дебелиот стомак.

Диетите кои се врз база на јогурт се двапати поефикасни од останатите. Тоа се должи на делотворноста на калциумот, што овозможува да се изгубат непотребните килограми, а при тоа да се задржи мускулната маса.
Клиничките испитувања покажале дека со консумирањето на јогурт значително се намалува тежината. Оние луѓе што внесувале дневно повеќе од половина литар обезмастен јогурт за 12 недели изгубиле по пет килограми.
Јогуртот може да замени цела порција класичен оброк. Чаша јогурт ви обезбедува доволно количество на белковини, витамин Б12, калциум и цинк.
Ретко која храна овозможува волку хранливи материи. Содржи само 140 калории, ја одржува цревната флора и го отстранува лошиот здив.

Извор: kirilica.com.mk

Кога природата ќе реши ДА СЕ ПОИГРА МАЛКУ

Реченицата „Рекордите постојат за да се соборуваат“ сигурно се однесува и на светот на растенијата. Одгледувачите од сите страни на светот се натпреваруваат во големината на доматите, компирите, морковите и слично, но она што мајката природа ќе го создаде, не остава без здив

Дури откако мајката природа ќе ги земе работите во свои раце , се работи за вистински рекорди. Нив човекот тешко може да ги урне, па затоа и уривањето е работа на - восхитувачката, неверојатна природа.



Фосил меѓу растенијата
Кога ќе се каже дека растение растело во далечното минато, а и денес успева, тоа значи дека се работи за стебло на гинко
билоба. Ова дрво растело и пред 200 милиони години, додека со Земјата владееле диносаурусите.




Најмало семе

Еден вид орхидеја има најмало семе на светот - тежи само 0,81 микрограм и човечкото око неможе да го види.





Најголемо семе
Епитетот најголемо семе му припаѓа на еден вид палма што расте на Сејшелски Острови. Иако не му
припаѓа на видот што дава кокос, нејзиното семе често се нарекува „дупли кокос“ поради својата големина - може да биде долго 30 см, да тежи 18 кг и да има размер 0,9 м.





Најмасовно живо суштество

Се работи за џиновска секвоја што расте во САД. Најголемиот примерок меѓу секвоите е стеблото наречено „Генерал Шерман“. Тоа тежи 1.400 тони и се предвидува дека од него би имало доволно материјал за изградба на 120 просечни куќи. Само за споредба, тоа е тежина на 15 сини кита или 25 тенка !




Најголем и најмал лист
Растението со најголем лист е повторно палмата - видот raphia regalis, кој расте во Африка. листот може да и биде долг и до 24 метри.
Водената билка azolla filiculoides има лист што е долг само 1 милиметар.




Најмало растение со цвет
Тоа е растението волфија, рекордер кога се во прашање минијатури. Волфија нема корен и
плива по мирни потоци и езера. Еден примерок од ова растение може лесно да мине низ увце на игла. Расте во Азија и во Австралија. Ова растение има и најмал цвет во растителниот свет - мошне лесно може да застане на врвот на иглата.



Кое растение најмногу „пие“?
Тоа е ротанг , ползачка од родот палми, која може да се „искачи“ и до 200 метра. А ако од неа се исече парче долго два-три метра, од парчето може да се исече повеќе од литар вода и тоа добра вода за пиење. Ова растение има еластично стебло и некогаш тоа служело за тепање, познато по името „шпанска трска“.





Најдолг корен
Во потрага по вода, корењата на дрвото баобаб ги соборува сите рекорди. Дрвото баобаб расте во африканските савани, а корењата можат да се оддалечат и над 100 метри од џиновското стебло и тоа само во потрага и силна „желба“ за вода.





Најголем цвет
Овој рекорд го држи рафлезија, растение паразит што живее на љиљаните во тропските шуми.Овој цвет може да има размер од 1 метар и тежина од 9 килограми.





Извор : Списанието „ Теа шема “

вторник, март 18, 2008

Спанаќот дава енергија

Децата сигурно сеуште ги памтат приказните за Попај морнарот. Тој својата енергија секогаш ја добиваше од порцијата свеж спанаќ. Покрај тоа што дава енергија спанаќот штити и од многу опасни болести .

Познато е дека зелјестите зеленчуци имаат голема хранлива моќ и содржат многу важни витамини и минерали. Спанаќот е еден од најздравите зеленчуци, кој може да се најде во секое годишно време. Најсвеж и најдобар вкус има во периодот од мај до септември. Подобро е да се консумира свеж, но ако тоа не е возможно може да се користи и смрзнат.

Покрај тоа што спанаќот дава инстант енергија тој е силен борец против срцевите заболувања, ракот на дебелото црево и остеопорозата. При лабораториските испитувања, научниците откриле најмалку 13 посебни соединенија во спанаќот. Сите тие имаат големо антиоксидационо и антиканцерогено дејство. Доколку научниците успеат да ги изолираат овие важни состојки тие би можеле да се искористат во пронаоѓање на лек против ракот.
Витаминот К1, калциумот и калиумот се значајни состојки на овој зеленчук, а тие се важни за одржување на добрата состојба на коските.
За болните од артериосклероза витамините А и Ц се погодни антиоксиданси. Тие овозможуваат редукција на слободните радикали во телото. Само една порција варен спанаќ обезбедува дури 295 проценти од дневните потреби за витамин А.

Овој вкусен зеленчук го храни и мозокот. Помага за ослободување од стресот, ја зголемува концентрацијата и ги штити мозочните келии.
Ако спанаќот не ви е омилено јадење тогаш обидете се да го вметнувате во другите јадења. Неколку минути варете го спанаќот, а потоа додадете го во салатата, лазањите, оризот или макароните.


Извор: кирилица

Човечкиот организам низ бројки

Ова не е математика :)
Ова се само неколку интересни податоци за вашето тело, кои верувам дека многу од вас ќе ве зачудат. Дознајте нешто интересно, за тоа што секојдневно се случува во нашите тела!
Во текот на животот вдишуваме приближно 300 милиони литри воздух.
Само за 16 секунди крвта што ја пумпа срцето низ нашиот крвоносен систем преминува 100.000 килотетри.
Поставени едно врз друго, црвените крвни зрнца би направиле кула во височина од 50.000 километри.
Во 2 квадратни сантиметри кожа има 19 милиони клетки и 65 влакна.
Косата процечно, месечно расте 1 см, а најмногу наутро. Но, косата најбрзо расте кога сме вљубени, и тоа поради хормоните. Губењето на 70 влакна во текот на еден ден е нормално, но тој број може двојно да се зголеми ако сте под емотивен стрес, неисхранети, анемични или ако пушите.
*Погледнете на сликата како изгледаат под микроскоп црвените крвни зрнца, кои без престан кружат низ нашиот крвоносен систем заедно со останатите елементи од кои се состои крвта.

Извор: cписанието "Здравје".

сабота, март 15, 2008

Еволуција?

Постојат многу теории за настанокот на човекот, но до ден денес ниедна од нив не е 100% потврдена како точна. Сепак, најверодостојна е теоријата дека човекот настанал од некое суштество кое по својот изглед било блиску до мајмунот, а сепак блиско по својот изглед и на човекот. Тоа бил, некој веќе изумрен вид, на човеколики мајмун.
За тоа дури има и докази. Тоа се пронајдените остатоци од тие наши предци во некои пештери во светот.
Сепак, во врска со настанокот на човекот, една куса историја ќе дадеме во некој следен пост, каде што убаво ќе објасниме како сме настанале.
Овде сакаме само да потенцираме, што ќе се случува понатаму? Човекот толку долго се исправал на 2 нозе, за наеднаш да седне пред компјутер и повторно за да се стутка и тоа повеќе и од пред 15 милиони години и во многу покус временски период?
На работа пред компјутер, дома пред компјутер! Ова исто така, го пишував, седејќи скифлена пред компјутер, а вие, предпоставувам дека на истион начин и го читате во моментов!
Што ќе се случи понатаму? Како ќе се еволуира човечкото тело? Дали воопшто ќе имаме потреба да стануваме од нашите столчиња? Што ќе јадеме? Како сето тоа ќе изгледа? Дали ќе исчезне нашиов род, или ќе најдеме некој начин за да се заштитиме од самоуништувањето? Кое е тоа здравје, па и убавина, за кои ќе се грижиме тогаш? Дали воопшто ќе постои поимот ЗДРАВЈЕ?
Можеби дури е залудна и нашава идеја, да ви помогнеме во грижата за здравјето и убавината, кога веќе толку сме се уништиле себе си и планетава на која живееме?
Дали ќе продолжи да еволуира само човечкиот мозок, а телото ќе заостане, некаде далеку?
Нас овој факт многу не заплашува!

Сакаме да размислите на оваа тема и самите да ни кажете што мислите за неа. Вашите коментари се добредојдени и задолжителни!

Имајте убав и здрав викенд! :)


Консултирано со полската Wikipedia

Сакате рамен стомак?

Сите сонуваме за рамен стомак, особено ако има добро обликувани стомачни мускули.

Луѓето започнуваат да се грижат за тоа како им изгледа стомакот непосредно пред летото.

За да се постигнат добри резултати освен на исхраната треба да се внимава и на вежбањето и тоа кардиоваскуларни вежби во комбинација со абдоминални.

Без вежбање не може да се добијат стегнати стомачни мускули, и тоа треба секому да му биде јасно, не постои ниту крема, ниту таблети кои ќе ви ги зацврстат мускулите без да се испотите за тоа.

Вежбањето е одличен начин на трошење калории, но без внимателно избирање на прехранбените продукти ќе ви треба многу за да се покажат вашите стомачни мускули.

Пред се морате да се ослободите од масните наслаги на вашиот стомак. Со кардиоваскуларните вежби (трчање, возење велосипед или брзо одење) ќе можете полесно да го стопите салото.

Потоа треба да почнете со правење стомачни вежби кои ќе ги затегнат мускулите на стомакот.


Извор: Idividi.com

петок, март 14, 2008

Зелката = превентива од многу заболувања

Зелката, покрај својата хранлива вредност, е богата со железо и витамини и има малку јагленохидрати, затоа има лековито дејство. Здравствената важност е посебна карактеристика, како на свежата, така и на киселата зелка, која исто така треба да се јаде "жива". Потребно е во зимските месеци секојдневно да се јаде кисела зелка, а расолницата да се пие најмалку еднаш во текот на неделата.

Во последно време стручњаците препорачуваат и сок од свежа зелка, подготвен со помош на соковник непосредно пред спиење. Овој сок е мошне корисен за отстранување на пречките во органите за варење, а испитувањата потврдуваат дека е ефикасен против чир на дванаесетпрстното црево и на желудникот. Што се однесува пак до расолницата, таа е одлично средство против мамурлак, но и го забавува стареењето и затоа им се препорачува на постарите лица да го пијат наутро на празен стомак.

Зелката им се препорачува и на слабокрвните лица и за стабилизирање на крвниот притисок. Потоа треба да ја јадат и лица кои имаат шеќерна болест, оние кои страдаат од гастритис, запек и ревматизам.

На оваа фотографија прикажани се повеќе видови на зелка.

Ако се јаде варена, не треба да биде подготвена со многу маснотии. Кога е варена, зелката не им се препорачува на оние кои честопати страдаат од мигрена (главоболки), или пак, на оние кои имаат тешкотии со варењето на храната. Ако е подготвена со многу маснотии, најдобро е воопшто да не се јаде.

Исхраната богата со зеленчук како што е зелката би можела да ве заштити од рак на мочниот меур, соопшти новозеландскиот научник Рекс Мундеј.

Испитувањата направени врз животни покажале дека екстрактот од млада брокула го намалува ризикот од рак на мочниот меур за 50%.

Научниците од институтот за тумори Росвел Парк и универзитетот Џонс Хопкинс од САД работеле на проектот заедно со новозеландскиот универзитет Масеј и компанијата „Crop&Food Research“.

Резултатите од истражувањето ја поткрепија една постара студија која покажала дека кај стаорците кои се хранат со зеленчук од родот зелка (сите видови на зелка, кељ, брокула, бриселско зелје, карфиол и сл.) е забележан пораст на ензимите кои штитат од хемикалијата која може да предизвика рак.

„Најголемо влијание е забележан кај ракот на мочниот меур, што покажало дека зеленчукот штити од тој вид на рак“, вели Мундеј.

Овие резултати се во согласност со епидемиолошките студии кои покажеле дека луѓето кои консумираат повеќе зеленчук имаат помал ризик од рак на мочниот меур во споредба со оние кои јадат мала количина од тој зеленчук.


Една порција (чинија) свежо исецкана зелка содржи:

Energy kcal 22.250
Energy kj 93.450
Protein g 1.282
Water g 82.014
Total lipid (fat) g 0.240
Carbohydrate g 4.833
Fiber g 2.047
Ash g 0.632

Vitamin C mg 28.658
Thiamin mg 0.045
Riboflavin mg 0.036
Vitamin B-6 mg 0.085
Vitamin E mg 0.093
Niacin mg 0.267
Pantothenic acid mg 0.125
Folate mcg 38.270
Vitamin B-12 mcg 0.000
Vitamin A IU 118.370
Vitamin A, RE mcg 11.570

Calcium mg 41.830
Iron mg 0.525
Magnesium mg 13.350
Potassium mg 218.940
Zinc mg 0.160
Phosphorus mg 20.470
Sodium mg 16.020
Copper mg 0.020
Manganese mg 0.142
Selenium mcg 0.801

Количината на овие податоци е изразена во грамови.



Извори: списанието "Здравје",
како и интернет-страниците:

Idividi

Vegetable nutrition

четврток, март 13, 2008

Што го отежнува примањето витамини?

Примањето витамини, го оневозможува консумацијата на некои лекови и други средства, како на пример:

1.) АЛКОХОЛОТ
ги уништува витамините: А, В1, В2, В3, В6, В9, калиумот, цинкот, калциумот, магнезиумот и железото.

2.) АСПИРИНОТ
измива витамините: С, В9 и другите од В-групата, А, калциумот и калиумот.

3.) КОФЕИНОТ
ги уништува: железото, калиумот, цинкот, калциумот и витамините В1, В6, PP, К.

4.) НИКОТИНОТ
ги уништува витамините: А, С, Е и селенот.

5.) СРЕДСТВАТА ЗА СПИЕЊЕ
го отежнуваат примањето на витамините: А, D, С, В9 и го мнамалуваат нивото на калциум.

6.)
АНТИБИОТИЦИТЕ го уништуваат: железото, калциумот, магнезиумот, и витамините В6, В3, К.

7.) ЛЕКОВИТЕ КОИ ТЕРААТ КОН ЧЕСТО МОКРЕЊЕ
ги измиваат: витамините од групата В, како и магнезиумот, цинкот и калиумот.

8.) ЛЕКОВИТЕ ЗА ПРОЧИСТУВАЊЕ
водат кон загуба на витамините: А, D, E, K.

Извор
: полското списание "Dobre rady" - Добри совети.

среда, март 12, 2008

Нешто интересно за медот

Медот е еден од „најсигурните“ прехрамбени артикли и тоа само затоа што повеќето опасни бактерии неможат да живеат во медот.

Извор : Списанието „ Теа шема “.

Пицата хит уште од камена доба

Колку е стара пицата? Се верува дека првата пица или нешто мошне слично на неа потекнува од камена доба, кога луѓето почнале да печат тесто на жежок камен. Тоа всушност бил предокот на денешната пица, но основата била тука-првото тесто, на кое со текот на времето „првите пекари“ почнале да ставаат и други состојки. Персиските војници отишле чекор понатаму, па пред 2.500 години почнале тестото да го печат на своите жешки штитови и ги збогатувале со сирење и урми, а го јаделе додека биле во движење. Но, првата вистинска пицерија била отворена во Наполи (Италија) во 1830 година и оттогаш го освоила светот и до ден-денес е вистински хит.

* Во САД дневно се јадат 73.000 квадратни метри пица.

* Пица или брза помош? Во Велика Британија, во 22 %од случаите испораката на пица била побрза од пристигнувањето на амбулантното возило.

Извор : Списанието „ Теа шема “

Семките од грозје за здрави крвните садови

Со додавање екстрат од семките на грозјето во исхраната би можело да се спречи астеросклерозата, болест која е одговорна за речиси половина смртни случаи во развиените земји.
Испитувањето, спроведено врз животни, покажа дека екстрактот го спречува лепењето на холестеролот врз ѕидовите од артериите, што доведува до стеснување и затврднување на крвните садови и оневозможување на ширење и контракција на крвните садови, што може да резултира со срцев или со мозочен удар.
Се смета дека за намалување на лепењето на холестеролот во крвните садови се одговорни флавоноидите, кои имаат антиоксиданско дејство. Се покажа дека екстрактот од семките од грозјето има 1.000 пати поголема способност за апсорпција на слободните радикали од гроздовиот сок.

Извор: Списанието „ ВЕСТ “

вторник, март 11, 2008

Насилството во бременоста предизвикува предвремено пораѓање

Користејќи ја анкетата како метод на работа во своето истражување, научниците од Медицинскиот факултет на Универзитетот во Порто, Португалија и од болницата St. Joao во Порто откриле цврста врска меѓу физичкото малтретирање во текот на бременоста и предвременото пораѓање.
2.660 жени ги оцениле своите искуства врзани за насилството во бременоста. 24 % од мајките кои предвремено родиле биле физички малтретирани, а насилството е поврзано со предвремено породување откако ги истражиле и другите фактори кои на тоа можат да влијаат: возраст, брачен статус, едукација, приходи, планирање на бременоста, пушење, алкохол и уживање во дрога.
Лекарката Тереза Родригез вели дека главната сила на оваа студија е големиот број жени кои биле испитани, а доаѓале од различни социоекономски слоеви. Исто така, се нагласува потребата од навремено препознавање на насилството како ризик-фактор за предвремено породување, кои можа да остави сериозни последици врз растот и развојот на децата.

Извор: Списанието "24 часа здравје".

Десет Совети За Оптимално Здравје

1. Секојдневно внесувајте разновидна храна. Во вашите порции застапете минимум 5 типови на храна. Внесувањето на разновидна храна му доволува на организмот секојдневно да добива доза на витамини минерали и други потребни состојки за нормално функционирање.

2. Одржувајте оптимална тежина. Под оптимална тежина се подразбира тежина која му одговара на обликот на телото и висината, а е добиена преку здрав начин на исхрана и физичка активност. Оптимална тежина во никој случај не значи и слабо и изнемоштено тело, од нездрави диети.

3. Намалете го внесот на заситени масни киселини кои му штетат на вашето здравје и се оговорни за таложење на масни наслаги и холестерол во вашето тело. Избегавајте ги производите од животинско потекло. Корисни протеини и прозводи од животинско потекло се: рибата мисиркиното месо, морските плодови, и доколку би живееле пред 50 години би рекла и пилешкото месо, меѓутоа денешните стандарди за производство на пилешко месо полно со стероиди антибиотици и хормони, преставува само дополнителен токсин во вашето тело.

4. Зголемето го внесот на незаситени масни киселини кои ги има во нерафинираните масла за јадење, јаткастите плодови и семките. Незаситените масни киселини се многу важни за одржување на оптималниот имунитет како и правилниот метаболизам. Рафинираните масла кои најчесто се користат во македонската кујна преставуваат само дополнително оптеретување на организмот со токсини како што се појачувачи на вкусот, адитиви итн..

5. Намалете го внесот на храна богата со холестерол, покрај другото холестеролот го зголемува ризикот од кардиоваскуларни заболувања. Храна која е богата со холестерол се јајца, сланина, масни месни продукти, сирење, и кашкавали итн. За таложење на лошиот холестерол е виновна и пржената и похована храна.

6. Зголемете го внесот на сложени јаглехидрати. Главен извор на оваа круцијална состојка се овошјето и зеленчукот како и интегралните житарки.

7.Редовно внесувајте доволно количесвто на течност во телото. Секогаш нека биде над 2 литра. Вода, незасладен чај и цедени сокови, никако купени, купените се полни со конзерванси презервативи и пастелизатори па дури и оние на кои пишува 100%. Водата е најважна, со водата се поврзани сите метаболитички процеси во телото, а и исфрлањето на токсини е дирекно поврзано со дневниот внес на вода.

8. Намалете го или сосема исфрлете го внесот на рафинирани шеќери. Добра замена за рафинираниот шеќер е кафеавиот не рафиниран шеќер, но и тој треба да биде внесуван во оптимални количини. А најдобра замена за рафинираниот шеќер е здравиот мед и уште поздравиот малтекс.

9. Намалете го внесот на рафинирана сол. Истата заменете ја со нерафинирана морска сол која ја има во сите продавници на здрава храна.

10.Избегавајте го кафето цигарите и алхохолот. Tие се главнитe загадувачи на вашето тело. Кафето заменетего зо шолја здрав зелен чај, а алхохолот ограничете го на 1 чаша вино секој втор или секој трет ден.




Извори: списанието "Здрава исхрана, подобрар живот".

Чаденото месо штетно на белите дробови

Консумирањето на големи количини на чадено месо може да и наштети на работата на белите дробови и да ги зголеми шансите за заболување од хронични опструктивни на белодробни болести (ХОББ).

Американските научници од Колумбија универзитетот утврдиле дека ризикот од ХОББ е зголемен кај луѓето кои јадат сушено месо повеќе од 14 пати месечно.

ХОББ, вклучува состојби настанати како последица на хроничен бронхитис и емфизема, спаѓа во најчестите причини за смрт, а во развиените земји тоа обично е последица на пушењето.

Истражувачите, кои испитувале 7.352 лица велат дека причина за зголемениот ризик е присуството на нитритите во чаденото месо, објави „American Journal of Respiratory and Critical Care Medicine“.

Голема количина од овие соли се користи во производството на чадено месо, а има улога на конзерванс и антибактериски агенс.

Утврдено е најчести консументи на сушеното месо обично се пушачите од машки пол, со послаб социоекономски статус и имаат мал внос на витамин Ц, риба, овошје и зеленчук.


Извори: idividi.com

Црешните се одлични за здравјето

Уште во минатото црешните биле третирани како вкусни плодови со лековити својства.

Најчесто се смета дека помагаат за гихт и артритис, па се до храна која овозможува добар сон.

До неодамна тоа се сметаше за народна медицина, но истражувањата покажаа дека постои научна основа за овие тврдења.

Иако се добар извор на витамини, сепак не содржат толку Витамин Ц како што е случај со јагодите. Но, присутноста на антиоксиданси и други корисни состојки ги прави извонредно здраво овошје.

Црешните ги содржат витамините Ц, Б и А, биофлавониди, елагична киселина, антоцијанин и мелатонин. Овие состојки помагаат во борбата против рак, во превенција на срцеви заболувања, главоболка, ги ублажуваат симптомите поврзани со фибромијалгичен синдром.

Црешите помагаат телото да ни произведува мелатонин на сигурен и здрав начин, ги подобруваат физиолошките и менталните функции. Свежите црешни се добри за отстранување на физичката и умствената исцрпеност, а вишните го подобруваат расположението.

Ова се позитивните влијанија на црешните:

1.) Превенција од срцеви болести
2.) Превенција од канцер

3.) Ублажување на болка

4.) Камен во бубрег

5.) Поздрави коски

6.) Одлични за диета


Извори: идивиди

Што значи поимот здравје?

Кога ќе се слушнеме здравје, на што прво помислуваме? Како го концептираме овој поим во нашето сознание? Македонската Wikipedia, секогаш ни е тука на помош кога ни е потребна. Еве што значи здравје -

Дефиниција:
Поимот здравје може да се дефинира негативно како отсуство на болест, функционално како способност да се справи со секојдневните активности, или позитивно како физичка спремност и благосостојба. За секоја организам, здравје е форма на хомеостаза. Ова е стадиум на баланс во кој влезот и излезот на енергија и материја е во еквилибриум (овозможувајќи раст). Здравје исто така имплицира добра шанса за продолжен опстанок.Спрема СЗО (Светската Здравствена Организација) здравје е состојба на целосна физичка,психичка и соционална благосостојба, а не само отсуство на болест.

Извор: Од Википедија, слободна енциклопедија

недела, март 09, 2008

Што треба да појадуваме?

Слушнете што вели една млада дама, која се занимава со фитнес веќе подолго време, како да се храниме наутро и во текот на денот. Како да ја балансираме исхраната внесувајќи 5 мали оброци, а не 2 огромни. Само на тој начин ќе имаме рамномерно внесување на енергија во текот на целиот ден и нејзино правилно согорување. Кажува како да ја искорениме лошата навика да седиме гладни наутро само со едно кафе се до ручекот, а потоа да навалиме на храната, прегладнети, со што мозокот нема контрола врз желудникот колку јадеме и затоа често се прејадуваме, што е една од причините за дебелината.
Уверете се и самите што ќе каже!

Собирање на тревките

За да се собираат тревки треба да се познаваат тие што се лековити. Лековитите тревки се собираат во одредено време, место и на одреден начин. Од праксата се знае дека најдобар успех се постигнува со свежите тревки. Свежите тревки може секој сам да ги набере уште од крајот на февруари, па дури до ноември. Некои од нив може да се најдат и преку зимата под снежната покривка, до колку човекот забележал каде виреело преку летото, на пример, змијското млеко.

За зимата може да се подготви, не многу голема, резерва од суви тревки. Тревките треба да се берат кога содржат најмногу лековити материи.

За цветовите може да се подготви, не многу голема, резерва од суви тревки. Тревките треба да се берат кога содржат најмногу лековити материи.

1.) За цветовите тоа е почетокот на цутењето.
2.) За листовите - пред цутењето и за време на цутењето.
3.) Корењата се копаат рано напролет или наесен.
4.) Плодовите се собираат за време на созревањето.

Затоа треба да се има во вид следното, се берат само здрави, чисти растенија, по кои нема паразити ! Тревките треба да се собираат по сончево време во сува состојба, кога нема роса. Непрепорачливи места за собирање тревки се ниви што се ѓубрени со вештачки ѓубрива, брегови на нечисти реки, железнички станици и места во близина на сообраќајници, магистрали и производствени претпријатија.

Извор: Билни рецепти и совети за здравјето

Зошто жените подолго живеат?

Досега имаше многу претпоставки, но ниедна не е научно докажана. Калифорнискиот институт за технологија, по долгогодишните истражувања објавени во "Достигнувањата на националната академија за наука", го дал следниот заклучок: "Жените живеат подолго, покрај биолошките причини и затоа што ги растат децата".
Постојаните обврски и грижи им овозможуваат постојано да бидат активни и да се чувствуваат потребни и одговорни. Во прилог на овој доказ е и фактот кој покажува дека мажите кои, од кои и да било причини ќе се согласат да ги растат и воспитуваат децата, живеат 20% подолго од своите сопруги!

Извор: Списанието "Здравје"